Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Причините за смртта засега не се објавени. Илиевски беше позната политичка фигура во оваа општина, каде што ја водеше локалната самоуправа во последните години.

Илиевски победи и на локалните избори во 2025 година

Тој ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Брвеница, на која беше избран во ноември 2021 година, за мандатниот период 2021-2025. Илиевски повторно ја доби довербата на граѓаните и на локалните избори во 2025 година, кога беше избран за градоначалник како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Зад себе остави долгогодишно работно и општествено искуство

Илиевски е роден на 3 мај 1968 година во Тетово. Основното образование го завршил во родното село Челопек, а средното образование го продолжил во Училишниот медицински центар „Никола Штејн“ во Тетово. Во периодот од 1999 година до ноември 2021 година бил вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Претходно, од 2013 до 2017 година бил член на Советот на Општина Брвеница, а активно бил вклучен и во спортот, каде дал придонес преку поддршка на спортски настани и ангажмани во фудбалските структури.