Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуњо почина на осумдесетгодишна возраст во болница во Милано, јавуваат италијанските медиуми.
Веста за италијанската агенција Анса ја потврдил неговиот менаџер Данило Манкузо, кој објаснил дека „состојбата на пејачот се влошила по долго боледување во последните месеци“.
Неговата најпозната песна е „L’Italiano“, која стана светски хит.
Кутуњо победи на Изборот за песна на Евровизија во Загреб во 1990 година со песната „Insieme: 1992“, за која ги напиша и текстот и музиката.
На престижниот фестивал во Санремо учествувал 13 пати, а интересно е што шест пати завршувал како вицешампион.
Со песната „Solo noi“ го освои Санремо во 1980 година.