Денеска на 76 годишна возраст почина Иван Андреевски, еден од доајените на македонското новинарство.
Роден е на 25 јуни 1947 година, во село Доленци, демирхисарско. Завршил студии по политички науки во Белград и во 1971 година се вработил во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист.
Работел на репортажи, документарни филмови, пишувал фељтони.
Во долгогодишната новинарска кариера Андреевски бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје од1986 до 1990 година, а бил дописник и на странски медиуми како Ројтерс, Слободна Европа, Јутел.
Од 2006 година беше член на Советот за радиодифузија.
Основач е на скопската програма и утринската програма на МРТ.
Од 1997 до 2006 година бил претседател на Здружението на новинари на Македонија, а добитник е и на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.
Неговите најблиски но и соработниците го познаваа како Иван Мачето.
Бројни сегашни и поранешни новинари на социјалните мрежи се простуваат од Андреевски кого го опишуваат како воинствен бунтовник кој храбро работел со сите сили за она во кое верува, а за младите бил не само директор и уредник туку и татко и дедо кој ги учел да живеат и да се борат за професијата и за себе, со верба, чесно и храбро.