Денес по подолго боледување почина македонски композитор Кире Костов.

Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот.

Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор – „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си – до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика. Добитник е на бројни награди и признанија.