Вилијамс заедно со Патрик Хед го основаа Вилијамс, тимот кој беше постојан ривал за титулите во 1980-тите и 1990-тите, пред да си замине од Ф1 оваа година кога го продаде тимот на американската компанија „Дорлитон капитал“.
Вилијамс, кој доби повреда на ‘рбетот во сообраќајна несреќа во 1986 година, по што беше во количка, почна да се повлекува од спортот во 2012 година, кога ја остави својата ќерка Клер да го води тимот. Во 2016 година тој беше во болница со сериозна пневмонија, по што престана да патува на трките, а беше хоспитализиран и минатиот декември.
„Утрово, Клер Вилијамс ме извести за тажните вести дека нејзиниот сакан татко, Сер Френк Вилијамс починал. Тој беше вистински гигант на нашиот спорт, надминувајќи ги најсериозните пречки во животот со постојана борба за победа во животот и на патеката. Загубивме ценет член на Ф1 семејството и неговите успеси ќе живеат вечно“, изјави претседателот на Ф1, Стефано Доменикали.
Само Ферари, Мекларен и Мерцедес имаат освоено повеќе титули од тимот на Вилијамс.