Уште една трагедија го потресе македонскиот ракомет, кој повторно е завиен во црно по смртта на Горан Станковиќ.
Поранешниот ракометар, а сега ракометен работник, ја загуби најважната животна битка и почина на 50 годишна возраст.
Станковиќ беше дел од раководството на тимот на Јуниор Кисела Вода, а претходно беше најавувач на натпреварите на Металург во Автокоманда и СЦ „Борис Трајковски“. Публиката најмногу го памети кога го најавуваше „ѕвезденот“ тим на Лино Червар и ракометарите Дарко Станиќ, Ренато Вугринец, Филип Миркуловски, Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски…