Во барака во транзитниот центар Табановце вчера бил пронајден починат М.Б.(28), лице мигрант од Мароко.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребално претпријатие за понатамошна постапка.