Тешко е да се најдат вистинските зборови да се простиш засекогаш кога ќе си замине млад човек што само со своето тивко присуство, посветеност и работна етика придонесе толку многу за организацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи тажна вест за смртта на младиот Филип.

-Денес се простуваме од наш сопартиец, пријател и човек кој беше пример за добрина, чесност и посветеност. Филип ќе остане запаметен по неговата искреност, неговата насмевка и начинот на кој секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен, се наведува во соопштението.

„Филип, ќе ни недостасуваш – како човек, како соработник, како пријател. Нека е вечна светлината во која замина, а споменот на тебе и твојот лик засекогаш ќе биде со нас.