Теофил Панчиќ нѐ напушти на 60 годишна возраст

Познатиот новинар, писател и публицист Теофил Панчиќ, еден од најценетите автори во регионот, почина на 60-годишна возраст во Нови Сад, соопшти редакцијата на неделникот „Време“. Панчиќ беше литературен критичар, колумнист и уредник на културната рубрика во неделникот. Животниот пат му почна во Скопје, траги за животот остави во многубројните анализи за српските владетели.

Соопштение од редакцијата на „Време“

„Заминувањето на Теофил Панчиќ е доказ дека некогаш мотото ‘нема незаменливи луѓе’ не важи. Со неговата смрт, ‘Време’ останува без единствена појава – човек со огромна ерудиција, автентичен дух, беспрекорно чувство за праведност и автор со стил кој нема паралела“, се вели во соопштението на редакцијата.

Критички осврти и професионален ангажман

Панчиќ беше познат по својот „остар стил и аналитички осврти за општествените и политичките состојби во Србија и поширокиот регион“. Во текот на својата кариера пишуваше за различни медиуми и објави неколку книги, оставајќи значаен печат во новинарството.

Биографија и кариера

Теофил Панчиќ е роден на 6 јули 1965 година во Скопје, а детството го поминал во Пирот, по што се преселил во Загреб. Од 1993 година беше редовен колумнист во „Време“, а од 1999 година работеше како политички коментатор во Радио Слободна Европа.