Почина Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство, кој целиот професионален живот го помина во МРТ.

Како најдобар студент на генерацијата на Факултетот за политички науки во Белград, професионалната кариера најпрво ја започнува во Јутел, за подоцна, да премине во некогашната Радио-телевизија Скопје. Во 80-те и 90 е новинар и уредник во Внатрешно-политичката редакција и уредник на Дневникот.

Автор и уредник е на емисијата „19.00“ што се емитуваше секој работен ден пред централниот дневник. Потоа беше дел од уредничкиот колегиум во создавањето на дописната мрежа на МРТВ, а подоцна и уредник во Македонското радио.

Погребот ќе биде извршен во 12.00 часот на 29.09.2025 година (понеделник) на градските гробишта Бутел во Скопје.