Бебе старо 10 дена породено во Прилеп, почина од сепса на Детската клиника во Скопје, објави Сител.

Според мајката на детето, која случајот го обелодени на фејсбук, за смртта на нејзиното трето дете, виновни биле докторите во прилепската болница. Вели дека на 27 октомври родила здраво машко дете со АПГАР 10, а по два дена лекарите и кажале дека новороденчето треба да оди на зрачење заради жолитца. Процесот траел цела ноќ, но наместо во рацете на мајката, детето било препратено на лекување во Скопје. И кажале дека таму имаат подобра опрема за лекување на детска жолтица.

„Што се случуваше таа вечер ќе остане секогаш мистерија. Што правеле сестрите кои биле оставени без доктор во цел оддел. Во 5:30 наутро дошла докторката која кога видела што се случува со бебето почнала да им вика, што направиле со него. Му направила уште една кривна слика која сега ми кажува дека “БЕШЕ СУПЕР“ и дека немало никакви знаци на инфекција“

Од детската клиника велат дека новороденчето било донесено во тешка состојба, на кислородна поддршка.За кратко настапило дополнително влошување, продолжило да дише со помош на респитарот, а во меѓувреме кај бебето откажале и бубрезите. По седум дена од приемот детето починало. Од клиниката велат дека сите анализи кои биле направени во текот на лекувањето укажувале на рана сепса, добиена во текот на породувањето.

Во својата објава на фејсбук, за појавата на сепса кај новороденчето, родилката ја обвинува прилепската болница. Вели болеста е наследена од болничката негрижа и лошата хигиена во родилиштето.

„Кога отидов во болницата да прашам кој ќе ја сноси одговорноста за моето дете, излегоа докторката и сестрата која била на смена таа вечер кои без никаков срам, одговорот им беше, “Се чудиме и ние“, (Бидејќи во здравството сите се чудат и немаат одговор за никакви нивни грешки. За смртта на моето дете вие СЕ ЧУДИТЕ?? Моето дете водеше битка за животот која му беше нанесена“

За случајот се огласија и од прилеппската болница. Во кусото соопштение го наведуваат речиси истиот тек на настаните за кои пишува и родилката, но додаваат дека жената претходно имала вагинална инфекција.

„Поради анамнестички податок за инфекција со Mycoplasma кај мајката и вагинална инфекција, земена е крвна слика и истата е со уреден наод“.