Драгон, поранешен полициски комесар, починал од срцев удар, изјавила Мари Лесли Ноел додавајќи дека поминала две недели во обид да го премести во болница и се борела да му биде направен ковид тест навреме.
-Конечно добив дозвола да го пренесам во болница во средата попладне и тој почина по пат. Две недели се борев за него, вели таа.
Полицијата соопштила дека Драгон бил во контакст со останатите осомничени, вечерта пред убиството на претседателот на 7 јули и учествувал на состаноците на кои е планиран атентатот.