Неговите блиски за телевизијата тврдат дека операцијата била успешна, но потоа се создала инфекција од бактеријата.
Оваа информација во емисијата „Утрински брифинг“ ја потврди и самиот министер Филипче.
– Имаше една тешка општа состојба, иако во еден момент од лекувањето имаше и флуктуација и подобрување, но и влошување. Но, за жал, последното влошување не го преживеа. Лекарите дадоа сѐ од себе. Не е точно и не е коректно да се кажува дека се потфрлува во некој дел. Инфекции во интензивните неги од тие специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. И други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција, па се излекувале, рече Филипче
Тој додаде дека не значи оти ако пациент ја фати инфекцијата, со сигурност ќе почине.