Јон Илиеску, кој двапати беше претседател на Романија, почина денеска откако претходно беше хоспитализиран поради рак на белите дробови

Поранешниот претседател на Романија – Јон Илиеску, почина денеска на возраст од 96 години. Информацијата ја објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндеану.

Илиеску беше примен во болница на почетокот на јуни. Беше подложен на операција поради рак на белите дробови. Во последните неколку дена неговата здравствена состојба значително се влоши.

Јон Илиеску двапати ја извршуваше функцијата шеф на државата. Првпат од 1990 до 1996 година, а вторпат од 2000 до 2004 година. Останува запаметен како една од највлијателните политички фигури во посткомунистичка Романија.