Познатиот актер кој од 2018 година се бореше со рак на простатата починал во својот дом во Лос Анџелес, потврдил неговиот претставник за ТМЗ.

-Светот го познаваше како Гантер (седмиот пријател), но најмилите негови го познаваа како актер, музичар, поборник за повисока свест за карциномот и сакан сопруг, се наведува во соопштението.

Својата болест Тајлер ја држел во тајност од јавноста околу три години, пред да открие дека има карцином кој се проширил.

-Дијагностициран ми е рак на простатата кој се прошири на моите коски. Се занимавам со оваа дијагноза околу три години. Четврта фаза. Рак во доцна фаза. Па на крај, знаеш, веројатно ќе ме докрајчи, рекол Тајлер во јуни во интервју за Тудеј.