Синоќа во Куманово почина родилка во кумановската болница. Извршено е породување, а новороденчето е префрлено на скопската Гинеколошко-акушерска клиника.
Од МВР потврдија дека е пријавен случајот кај нив. Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Истрагата треба да ги утврди причините за смртта на 32-годишната родилка.