Почина 39-годишната родилка која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Информацијата за Слободен печат ја потврдуваат членови на семејството.

Таа била донесена во ГАК во 36-та недела од бременоста, и за само 14 минути потоа била породена со царски рез.

Бебето е во добра состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

Поради трагичниот настан, беше испратена и инспекција на клиниката. Од самата клиника рекоа дека не можат херметички да ги затвораат просториите и дека и психолозите не советуваат да не се остават отворени прозорци.