Почина судијата на Кривичниот суд во Скопје Огнен Ставрев (63).

Минатите години тој беше судија на познатите случаи „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“. Судијата Ставрев ги изрече пресудите и за предметите од Специјалното јавнио обвинителство „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“.

Огнен Ставрев е син на Драгољуб Сраврев, претседател на претседателството на Социјалистичка Република Македонија (СРМ).

Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции.