Денеска почина Мерван Илјази, младиот тренер на Шкендија Арачиново, фудбалскиот клуб кој се натпреварува во третата лига, пренесе Спортспорт.
Тој пред извесно време беше погоден од залутан куршум, долго се бореше за својот живот, но за жал не успеа.
Самата несреќа се случила на една семејна прослава која еве денеска завршува фатално за младиот тренер на Шкендија Арачиново.