На Клиниката за кардиохирургија во комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје починал 72-годишен државјанин на Франција. Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје на 29 октомври 2026 година, во 10:04 часот.

Станува збор за лицето Б.Х.Г.В.П. (72) од Франција, кое имало престој во хостел на подрачјето на скопската општина Бутел. Тој претходниот ден бил донесен во здравствената установа во тешка здравствена состојба, каде што и покрај укажаната помош, им подлегнал на компликациите.

По насока и наредба на јавен обвинител, телото на починатиот странски државјанин е предадено во Институтот за судска медицина заради вршење на обдукција со цел точно утврдување на причините за смртта.