Седумдесетгодишен жител на кумановското село Режановце утрово им подлегнал на повредите здобиени откако додека возел велосипед во него удрил возач со автомобил кој, првин побегнал од местото на несреќата, а денеска го признал делото, соопшти кумановската полиција.
– Вчера во СВР Куманово било пријавено дека во 14 часот на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од Куманово, удрило во велосипедистот Ж.Ј.(70) од село Режановце, Кумановско, по што го напуштил местото, соопшти полицијата.
Велосипедистот Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде во 6 часот утрово починал.
-Денеска, по преземените мерки и активности, од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот С.М. и во службен разговор во полициска станица го признал делото, соопшти полицијата.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.