Почина Џозеф Мерса Марли, внук на легендарниот Боб Марли. Имаше 31 година, објави магазинот Пипл. Неговиот портпарол ја потврди смртта.

Според радиото WZPP, Џозеф бил пронајден во неговиот автомобил, но официјалната причина за неговата смрт се уште не е објавена.

Од него се прости и премиерот на Јамајка.

-Нека најде вечен мир додека ние жалиме за неговото заминување, рече Ендрју Холнес.