Скопје остана без еден од своите најпознати урбани ликови

Скопје остана без еден од своите најпознати урбани ликови, Зоки Панкер, сопственик на клубовите „Балет“ и „Фолк“, кој со години беше дел од градската сцена и ноќниот живот. Неговото присуство, енергија и дух оставија забележлива трага врз културниот пулс на градот, а по објавувањето на веста многумина посочуваат дека Скопје повеќе нема да биде исто.

По информацијата за неговата смрт, пријатели и обожаватели преку социјалните мрежи испраќаат последен поздрав и се присетуваат на неговиот хумор, отвореност и незаменливиот придонес кон градската атмосфера.