МВР соопшти дека вчера попладне е пронајдена почината жена во нејзиниот дом во населбата Драчево.
Според полицијата, се работи за С.И. (48) од Скопје, која имала здравствени проблеми.
Случајот е пријавен во 17.50 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.