„Бидете херои на чесноста“ е слоганот на едукативна антикорупциска кампања, која ги охрабрува учениците од основните училишта да станат херои на чесноста промовирајќи интегритет, транспарентност и одговорност во општеството.

Првиот настан од кампањата се оржа во основното училиште „Петар Поп Арсов“ во општина Карпош, во која учествуваа 120 ученици од седмо до деветто одделение. Настанот започна со интерактивен разговор на учениците со познатиот актер Игор Ангелов, во својство на водител/модератор на едукативното предавање, според сценарио, на Елеонора Венинова, истакната македонска режисерка и сценаристка. За време на настанот беа прогласени и 10-те победници од конкурсот за есеи на тема корупција со што им се даде признание на учниците и ученичките за нивните исклучителни напори во промовирањето на антикорупциските вредности.

„Како наставници, имаме одговорност да ја негуваме следната генерација со вредности на чесност, правичност и етичко однесување. Дозволете ни да послужиме како пример и да ги инспирираме нашите ученици да изберат интегритет.“, изјави директорката на училиштето, Даниела Штеријова.

„Интегритетот е компасот што нé води кон праведно и правично општество. Да се обединиме во нашата посветеност за борба против корупцијата и негување култура на транспарентност и одговорност“, истакна Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување корупција.

Оваа кампања на Државната комисија за спречување на корупција, е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС а е финансирана од УСАИД.

„Корупцијата ги поткопува темелите на демократијата и го попречува општествениот напредок. Заедно, можеме да создадеме средина каде што интегритетот напредува и етичките вредности се поддржуваат“, рече Јоана Косма, директорка на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.

До крајот на годината предвидено е да се посетат вкупно 10 училишта во кои ќе се едуцираат учениците и ученичките како да се искорени корупцијата во земјава. Потребно е учениците и ученичките, како и сите поединци да станат антикорупциски херои и да направат видлива разлика во општеството. Застанувајќи заедно против корупцијата, можеме да создадеме општество кое поддржува интегритет, почит и достоинство.

Приклучете се и вие во мисијата за антикорупциското движењето и раширете ја свеста. Споделете ја важноста на етиката и интегритетот со вашето семејство, пријателите и колегите зазаедно да создадеме ефект на бранување што води кон општество без корупција.