Бојкотот на машиновозачите, според најавите на Димовски, ќе трае до утре во 11 часот за кога е закажена средба со менаџметот на ЖРСМ.
– Од 16 часот во мирување е собраќајот во ЖРСМ. Имам притисоци од менаџметот ама ќе издржиме. Ќе се вратат само возовите што утринава тргнаа кон Битола и Гевгелија. Ќе видиме утре дали ќе има промена по состанокот со менаџметот, изјави Димовски за МИА.
Воедно, тој најави дека до УО на ЖРСМ, како и до Министерство за транспорт и врски и до Агенцијата за железничи сообраќај ќе испратат допис преку кој, покрај исплатата на платата бараат и исплата на надомест за квалитет.