Има две можности за купување на влезници, а тоа е поединечно или во пакет. Поединечно значи за секој натпревар може да се купи различен билет, додека во пакет одат сите три дена од првата фаза, а натпреварите се играат на 13, 15 и 17 јануари.

Доколку влезницата се купува поединечно по натпревар тогаш најевтината чини околу 14 евра, додека најскапата која носи и најубаво место е 34 евра. Има опции и за 20 и 25,5 евра.

Можноста за три влезеници во пакет за трите дена носи и поевтина цена кога ќе се соберат поединечно трите дена. Доколку купите пакет тогаш најевтиниот е 38 евра. Потоа има опција за 53,5 и 69 евра, додека најскапата варијанта е 92 евра.

Македонија отвора на 13 јануари против репрезентацијата на Словенија од 18 часот. Два дена подоцна противник е Црна Гора исто така од 18 часот, додека на 17 јануари е последниот дуел против Данска. Тој се игра со почеток во 20:30 часот.