Во Мала речица, каде се наоѓа нивното партиското седиште, почна средбата на најтесното раководство на ДУИ. На седницата присуствуваат и членовите на т.н. „Огнена група“ кои веќе неколку месеци водат кампања за смена на министри предложени од партијата, кои според нив не ја заслужуваат довербата и немаат резулатите во работењето. Нема информации дали на седницата на Централното претседателство на ДУИ воопшто ќе се разговара за внатрепартиските превирање, со оглед дека пред почетокот, портпаролот Бујар Османи истакна дека единствена точка на дневниот ред е создавањето на „Фронтот за Европа“.
„Се наоѓаме во критично време, на крстопат, и мора да ги концентрираме сите сили и енергија на општеството за да ја ориентираме државата кон ЕУ. Тоа го очекуваат граѓаните од нас, подобар стандард, работа, поголеми плати, да останат овде, да ја планираат иднината овде. Ништо друго не може да ја гарантира перспективата освен ЕУ и ние сме должни тоа да го направиме како политичари“,изјави Османи пред средбата.