На обвинителна клупа со Штрахе е и Валтер Грубмилер, сопственик на приватна клиника во Виена, кој е осомничен за подмитување.

Штрахе во коалициските преговори со Народната партија на Австрија (ОВП) побарал приватната клиника „Веринг“ да биде примена во фондот „Прикраф“.

Болниците кои се дел од овој фонд можат да наплатат за одредени услуги преку здравственото осигурување, што носи големи дополнителни приходи.

За возврат, тврди Обвинителството, Грубмилер дал 10.000 евра на ОВП за изборната кампања.

Во случај да бидат осудени, обвинетите се соочуваат со казни од половина до пет години затвор.

Адвокатот на Грубмилер изјави дека приемот на приватната клиника „Веринг“ во Фондот е блокиран од Стопанската комора, обвинувајќи дека „во Австрија постои коруптивен систем“.

Адвокатот на Штрахе, Јохан Пауер изјави дека неговиот штитеник никогаш не примил мито.

– Имаше постојани обиди да се поткупи мојот штитеник. Сепак, тој никогаш не го прифати тоа, нагласи Пауер.