Пронајдени низа неправилности кај дискотеката во Кочани. Уапсено е лицето кое изработило проект без исполнување на условите и овозможил дискотеката „Пулс“ да добие лиценца, рече министерот за внатрешни Панче Тошковски. За пожарот во дискотеката во Кочани досега се приведени 18 луѓе, а во краткотраен притвор се 16. Извршени се разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 во Кочани, за 16-мина изречен притвор од 48 часа.

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 лица за пожарот во Кочани

„Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа иако не ги исполнувала основните услови, е уапсено“, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во трагичната несреќа повредени се 196 луѓе. Обдукцијата на починатите е завршена, информираше Тошковски.

Паралелно, темелна контрола се врши на објектите со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки, кабареа и клубови.

Секој кој се огрешил ќе одговара. Нема да биде крив ни огнометот, ни прскалките, никој, додава Тошковски.

ТОШКОВСКИ ЗАПОЧНА СО РАЗРЕШУВАЊАТА: Началници и командири ќе сносат одговорност за трагедијата во Кочани!

Дискотеката во Кочани која работела на црно, имала само еден влез и прозорци со решетки, без излези за евакуација и без противпожарна опрема. Внатре имало 500 луѓе, иако се продале само 250 билети.