Фестивалот ќе се одржува денеска и утре, во дигитален формат. Ќе се пренесува во живо преку дигиталните плаформи на Facebook и Youtube и преку web страната на БОШ http://boshfest.com/

Во визуелната програма ќе бидат претставени маестрални искусни автори од областа на стрипот и графиката како Горан Дачев и Радован Поповиќ, но исто така е оставен простор и за претставување на младата уметничка сцена од регионот односно Ана Трајковска, Кети Пренда и Радмила Гошевска. Во рамки на музичката програма ќе настапи извонредниот џез состав SEТHSTAT, а свој концерт ќе има и Lenhart Tapes со исклучителен музички перформанс преку користење на касетофони. DJ сетовите се резервирани за крајот на програмата и тоа Стефан Алиевиќ во петок и Ѓорѓи Јаневски за затворање на фестивалот во сабота. Дизајнот на плакатот за фестивалот и видео инсталацијата за во саботното издание е на Филип Митров, сценографија Велимир Жерновски.

БОШ е меморијален фестивал, посветен на актерот Бошко Бозаџиевски, и во себе ја носи идејата да се истрае, да се издржи, да се пронајдат нови начини на славење на животот и слободната уметност.