Почнуваат институционални акции за сузбивање на криминалот и корупцијата.Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, на неговата фејсбук страница објави дека денеска се сретнал со директорот на БЈБ Александар Јанев и неговиот тим.
-На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП Железници Инфраструктура и Јавно претпријатие за државни патишта. Овие индиции произлегоа од извештајот за капитални инвестиции на државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност. – напиша Николоски.
Според него, борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада.
-Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите! – додава потпретседателот на владата.