На 12 март, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, премиерот Христијан Мицкоски и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, ќе присуствуваат на почетокот на градежните работи за граничниот премин Маркова Нога – Лемос.
Преминот, кој беше затворен 57 години, ќе добие нов царински комплекс и инфраструктура, а проектот е финансиран во рамките на програмата „ЕУзаПреспа“.
ЕУ обезбедува 84% од средствата за изградба на граничниот премин Маркова Нога
Изградбата на граничниот премин е дел од финансиската програма „ЕУзаПреспа“, вредна 21,5 милиони евра. Од оваа сума, Европската Унија финансира 18 милиони евра (84%), додека остатокот се обезбедува од националниот буџет.
Во рамките на проектот ќе бидат изградени:
- Царинска зграда со придружна инфраструктура,
- Канцеларија на осигурителна компанија,
- Јавни тоалети,
- Резервоар за вода и станица за третман на вода,
- Три пристапни патишта и паркинг за возила.
Работите ќе се реализираат преку два договора за придонес со УНДП, а опремата ќе ја испорача и инсталира Царинската управа.
Грција го потврди почетокот на изградбата од своја страна
Грција минатата година потврди дека започнува со изградба на својата страна на граничниот премин што беше договорено со Преспанскиот договор во 2018 година.
Финансиската поддршка за реконструкцијата на полициската зграда ќе изнесува 7,73 милиони евра, од кои:
- Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија обезбедува 1,2 милиони евра.
- Општина Ресен учествува со 114.136 евра.
Граничниот премин се очекува да биде целосно оперативен во 2028 година.
Отворањето на преминот – важен чекор за економијата и регионалната соработка
Граничниот премин Маркова Нога – Лемос, кој претходно бил отворен само за минување со лична карта, се очекува да даде значителни економски, социјални и еколошки придобивки за регионот.
Регионалниот гувернер на Западна Македонија, Јорго Аманатидис, нагласи дека овој проект е клучен за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција.
Со повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос, Преспа ќе стане поатрактивна туристичка и економска дестинација, со зголемен проток на луѓе и стоки меѓу двете држави.