Во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје денеска ќе почне кампањата „Зголемување на безбедноста на железничките премини“, заедничка активност на министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи, Секретаријатот на транспортната заедница и ЖРСМ Инфраструктира.

На настанот се најавени обраќања на министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и на директорите на Секретаријатот на транспортната заедница, Матеј Закоњшек и на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец.

Како што информираше Закоњшек неодамна во интервју за МИА, 55 отсто од сите несреќи на железничките премини се со фатален исход или тешки последици, а Транспортната заедница со сите регионални партнери и со поддршка од ЕУ мапираше 30 најкритични премини во Македонија.