Со откинување на првото јаболко денеска во преспанското село Евла почнува собирањето на јаболката од годинашниот род во Преспа.
Според востановената традиција, собирањето јаболка почнува на верскиот празник Крстовден, а оваа година свеченоста ќе се одржи во овошниот насад на „Агромедика“ во селото Евла, а во 13 часот Општина Ресен ќе додели награди на најуспешните производители на јаболка во Ресен.
На тридневниот јаболкобер во Ресен ќе има отворени штандови со презентација на различни сорти јаболка, фолклорна вечер со ансамблите „Таше Милошевски“ од Ресен и „Флорина“ од Грција, а ќе се одржат и традиционалните меморијални турнири во фудбал „Благој Котларовски-Баги“ и во ракомет „Зоран Стојановски“.