Ѓорѓиевски вечерва им подари радост на децата од згрижувачките семејства и Детскиот дом
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва им подари радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“ преку кино-проекција на филмот „Биби и Боби“.
„Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки. Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.“
По завршувањето на проекцијата, градоначалникот и тимот поделиле новогодишни пакетчиња за сите дечиња, создавајќи незаборавни празнични моменти.
Посветеност на поддршка за најмладите
„Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита. Нивната радост е нашата најголема обврска. Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови.“
Скопје вечерва беше сведок на моменти на чиста радост, потсетување дека грижата за децата е основа на силна и хумана заедница.
