Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар 1961 испратија поддршка до нивните спортски колеги од фудбалската репрезентација, кои во Букурешт се подготвуваат за претстојниот настап на ЕУРО2020.

– Европското чудо кое тие го направија е мотив плус за нашите фудбалери, објави вечерва ФФМ, споделувајќи на социјалните мрежи фотографии на кои под мотото „Македонија на ЕП, сонот наш од детство“ позираат ракометарите на Вардар – Иван Чупиќ, Стојанче Стоилов, Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров.

Македонските фудбалери од вчера во базата во Букурешт се подготвуваат за премиерниот натпревар на ЕУРО2020 против Австрија, в недела со почеток од 18 часот.