Поддршка за младите семејства со новороденчиња
Општина Росоман денеска започна со исплата на финансиска поддршка за младите семејства со новороденчиња, информираше градоначалникот Ѓорѓи Крстевски на својот Фејсбук-профил.
– Денес беше извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои имаа поднесено Барање за новороденче. Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во наредниот период, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел уште поголема поддршка за младите семејства, соопшти Крстевски.
Тој подвлече дека грижата за најмладите е инвестиција во иднината на Општина Росоман, нагласувајќи дека ваквите мерки се дел од заложбата за подобрување на условите за живеење и поттикнување на демографскиот развој.
