Сиљановска-Давкова телефонски разговараше со Зеленски 

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Главна тема беше украинско-рускиот конфликт и можностите за траен и праведен мир.

„Претседателот Зеленски ја запозна претседателката Сиљановска-Давкова со тековните дипломатски напори. Тие се насочени кон договор за стабилност и мир во Украина“, соопштија од Кабинетот на претседателката.

Разговорот беше краток, но фокусиран на мировните иницијативи.

Зеленски најави одржување на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ за поддршка на мирот. Самитот ќе ги собере лидерите од регионот за да ги координираат напорите.

Извор: plusinfo