На седница на Државниот совет во Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена за компромиси во разговорите за Украина, но Донбас останува под руска контрола.
Путин, како што пренесува рускиот весник „Комерсант“, нагласил дека Русија може да разгледа одредени територијални разменувања, но дека неколку градови во источна Украина не се предмет на дискусија.
Според весникот, на состанокот било наведено дека Краматорск, Константиновска и Славјанск остануваат надвор од какви било разговори, иако, како што било посочено, „не се исклучува можна делумна територијална размена од страна на Русија“.
Истовремено, Путин на средбата во Кремљ, одржана на 24 декември, оценил дека американската страна направила чекор назад од дел од своите претходни предлози по консултациите со европските партнери, што тој го протолкувал како „знак на попустливост“.
„Дополнително, Владимир Путин отворено зборуваше за можноста за заедничко управување со нуклеарната централа Запорожје со САД, наместо со Украина“, пренесува „Комерсант“.
Според истиот извор, по иницијатива на американската страна, било отворено и прашањето за снабдувањето на Украина со електрична енергија.
На прашањето дали украински експерти можат да работат во нуклеарната централа Запорожје, Путин одговорил дека тие и понатаму работат таму, како и досега, но дека сега поседуваат руски пасоши, наведува рускиот весник.
Донбас останува под руска контрола
