Привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев во интервју за емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија, го коментираше прашањето со позицијата на Софија кон С. Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев повтори дека бугарската позиција е оформена со деклрација на Парламентот и останува непроменета, но оти се подготвени за дијалог за изнаоѓање решение за проблемот.

– Ние сме подготвени за неформални разговори и да започнеме практична работа на теми што можат да станат дел од патоказот за излез од ситуацијата, бидејќи Бугарија ја поддржува европската иднина на Република С. Македонија и Албанија во пакет, истакна Јанев.