Домашните набљудувачи и нивните организации
За осмите Локални избори во Македонија, кои ќе се одржат в недела, ќе мониторираат 1.451 домашни и странски набљудувачи. Според податоците од Државната изборна комисија, акредитирани се 807 домашни и 644 странски набљудувачи, како и 12 странски новинари.
Најмногу домашни набљудувачи има Здружението за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје со 549 набљудувачи. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола со 23 набљудувачи, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје со десет, Здружението за општествен развој „ЗА ТЕТОВО“ со пет, Националниот совет за родова рамноправност со 25, Планинарскиот спортски клуб „КАБ Струга“ со 16, Евротинк-Центар за европски стратегии со четворица, ЦИВИЛ Центар за слобода – Скопје со 60, ТРИ СИ КОНСАЛТИНГ – Скопје со шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД со 27, Националната мрежа Жените за жените со 20, Националниот Ромски Центар со еден, Демокраси Лаб Тетово со четворица, Националниот ромски центар во Куманово со двајца, Центарот за стратегиски истражувања и анализи ЦСИА Битола со еден, ИНКЛУЗИВА со 11, Институтот за социјална промена ИНСОК со 10 и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ со 10 набљудувачи.
Странски набљудувачи и меѓународни организации
Најмногу меѓународни набљудувачи се акредитирани од ОДИХР – Канцеларија за демократски институции и човекови права, вкупно 524 набљудувачи. Амбасадата на САД во Скопје има 30 набљудувачи, Европскиот Парламент 12, Британската амбасада во Скопје 11, Државната изборна комисија на Хрватска двајца, Унгарската амбасада осум, Центарот за развој, реформи и обуки на изборни системи Грузија двајца, Амбасадата на Словачка еден, Централната изборна комисија на Украина еден, Меѓународната фондација за изборни системи Вашингтон, САД седум, Амбасадата на Франција девет, Амбасадата на Кралството Холандија десет, Институтот за соработка и развој-Франција еден, Врховниот изборен совет на Република Турција двајца, Амбасадата на Швајцарија тројца, Државната изборна комисија Молдавија двајца, Амбасадата на Република Албанија четворица, Амбасадата на Турција еден, Амбасадата на Косово тројца, Центарот за тренинг на Молдавија еден и Централната изборна комисија на Косово десет набљудувачи.
Ова обезбедува целосна слика за домашното и меѓународното набљудување, гарантирајќи транспарентност и контрола на изборниот процес.