Серж тужбата ја поднел за несовесно однесување против актерот Болдвин и оружарката Хана Гутјерез, но и против помошникот режисер Дејв Холс кој на истражните органи им рекол дека му го дал пиштолот на Болдвин за време на пробата.
Тој ги обвини продуцентите и другите членови на филмската екипа, вклучително и Алек дека не ги примениле безбедносните стандарди и дека дозволиле „наполнет пиштол со боева муниција да биде впечен во живи луѓе на филмски сет“.
Оваа тужба е прва која е поднесена во овој случај. Властите во Санта Фе и Ново Мексико и натаму водат истрага.
Последа информација поврзана со тоа е дека помошник режисерот Дејв Холс во судот под заклетва изјавил дека пред пробата, оружарката Хана му го покажала пиштолот кој подоцна го користел Болдвин и дека видел дека во него има три куршуми.
Серж претходно се огласи на Инстаграм и откри дека тој ја држел Хана во раце додека умирала, и дека рекла оти не ги чувствува нозете.