Нов коловоз и тротоар за поголема безбедност

Премиерот Христијан Мицкоски денес истакна дека успешно е реализиран проектот за реконструкција и рехабилитација на коловозот, како и изработка на тротоарот на патот кон Манастир Пеленица.

„Со завршувањето на зафатот е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците“, рече Мицкоски.

Инвестицијата за овој проект изнесува 29.320.330 денари и придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрување на пристапноста до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население.

Проектот е дел од стратегијата за унапредување на регионалната инфраструктура и создавање услови за безбедно и функционално сообраќајно поврзување во сите делови на државата.