Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со челниците на верските заедници денеска уште еднаш повика на масовна вакцинација на населението, нагласувајќи дека тоа е единствениот начин за заштита од ширење на инфекцијата на ковид-19.
-Убеден дека ова е најбезбедниот начин за заштита од ширење на вирусот, но и единствениот начин за спречување на ширење на инфекцијата. Затоа, ве молам вакцинирајте се, рече Сали.
Претходно, Сали во минатиот петок јавно ја прими третата, бустер доза против ковид-19, придужуван од ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, со надеж дека ќе ги охрабрат студентите помасовно да се вакцинираат.
-ИВЗ во секој момент апелираше луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ, во рамки на министерството за здравство. ИВЗ имаше наредба кај сите верници, вакцинацијата да се сфати сериозно затоа што тоа е одлука на СЗО, рече поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.
Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан порача дека подобро да се спречи инфекцијата, отколку да се лечи.
-Се приклучуваме на апелот, упатен до верниците, да се придржуваат на мерките што институциите задолжени за грижата на здравјето ги упатуваат веќе втора година. Подобро е нешто да го спречиме отколку да го лекуваме, рече поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан.