Реакции во јавноста по повод слоганот под кој годинава ќе се одбележува 2-ри Август- Денот на Републиката – Илинден, а истиот гласи „120 години Илинден – Огниште на татковината“.
Критиките одат во насока што никој од власта не го споменува името Македонија, па тоа му го порачаа и на премиерот во коментарите пдо неговата фејсбук објава.
– Прво “огниште” е многу глуп збор поради запалената република, второ подобро ич слоган нека нема отколку да се резилите со “огниште на татковината” па сите да се потсетат дека пре би цистерна на тоифор да голтнете отколку да кажете Македонија, вели Богдан Илиевски познат како „Бетмен Велит“.
Се огласи и пратеничката Цветанка Ласковска.
– Подобро никаков слоган да немавте, отколку овој со “огништето” и без ниту збор Македонија. Ниту коњаници (не ви личи, смешни сте) ниту прослави, ништо, не го менува фактот дека сте Котевци. А од Коте, никогаш нема да биде Гоце. Народе македонски, вечен да е споменот на Илинденците. Вечна да е Република Македонија! Да живее Организацијата, порачаа таа на својот фејсбук профил.