* ЕУ го одобри четвртиот пакет санкции против Русија

* Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина.

* Европската унија одлучи да ги прошири санкциите за повеќе руски олигарси, вклучително и милијардерот Роман Абрамович како одмазда за руската инвазија на Украина.

* Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак.

* Украинскиот претседател Володомир Зеленски ќе има обраќање во американскиот Конгрес в среда, на16 март.

*Оштетен далноводот во Чернобил, набргу откако беше обновено снабдувањето со струја во „пензионираната“ украинска нуклеарна централа.

*Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост дека војната во Украина би можела да ја влоши пандемијата со коронавирусот.

*Во Норвешка започнуваат големи воени маневри на НАТО

*Влегувањето на НАТО во конфликтот во Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

*Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска, преку видео конференциска врска.

*Утринава гранатиран станбен блок во Киев, најмалку две лица загинаа, а три се повредени

*Гранатирана административната зграда и фабриката „Антонов“, спопред локалните власти во нападот има две жртви.

*Американските извештаи тврдат дека Русија побарала воена помош од Кина. Наводно им недостигаат некои видови оружје. Кина ги демантира ваквите барања.

*САД и се заканија на Кина доколку и помогне на Русија за време на инвазијата „последиците ќе бидат тешки“.

*Американски снимател и новинар е убиен во близина на Киев, се наведува дека Русите отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓал.

*Украина тврди дека руските сили киднапирале уште еден градоначалник

*Во Лавов се слушнаа експлозии, цел на Русите бил центар за воена обука и база западно од градот, а загинаа 20 лица.

*Ракетиран е и градот Ивано-Франковск

*Во Киев е соборен дрон со три килограми експлозив

*Новите сателитски снимки покажуваат катастрофални штети во Мариупол

*Украина: Руските сили отворија оган врз конвојот за евакуација во близина на Киев, убивајќи седум цивили.