Почнувајќи од денес, луѓето повторно ќе можат да добијат евтина енергија. Сега, од понеделник до сабота, домовите ќе имаат пристап до евтина енергија вкупно 11 часа во текот на денот и ноќта. Во недела 24 часа ќе имаат пристап до евтина струја. Од СДСМ вчера порачаа дека со ова на луѓето ќе им се заштедат над 1.000 динари секој месец.
„Со енергетските политики што ги презема Владата предовдена од СДСМ, се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа.
Како дел од напорите за борба против кризата, над 600.000 семејства во земјава добиваат субвенции за сметките за енергија, соопштија од владејачката партија.
На намалувањето на цената на струјата во текот на денот директно влијаеше растот на производството на електрична енергија и инвестицискиот циклус во обновливите извори на енергија.