Над 60 пушки, над 60 пиштоли, околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар и разни делови за пушки и пиштоли се пронајдени вчера при претрес во Крушево.

Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиена судска наредба, криминалистичката полиција на СВР Битола и полициски службеници од ОВР Крушево вчера извршиле претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево.

За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.