Погребот на Кристијан Коцев-Кико ќе се одржи во сабота од 13:30 часот. Претходно, од 11 до 13 часот ќе бидат изложени посмртните останки на градските гробишта во Штип.

Момчето за кое македонската јавност се крена на нозе и собираше донации за негово лекување боледуваше од ретка и тешка болест Атаксија и не издржа да замине во Турција каде требаше да биде третиран со матични клетки.

Поради влошената здравствена состојба, не можеше да биде транспортиран со медицински авион во Истанбул, а последно беше лекуван во приватна болница во Скопје каде лекарите се бореа за неговиот живот, но последните два дена дошло до сериозно влошување на состојбата поради брзо прогресирање на болеста.

Секој што сака, може да дојде и да испрати последно збогум до Кико.